Времето денеска сончево и топло
Во Скопје ќе биде сончево и значително потопло со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 34 степени.
Утре кон крајот на денот има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. Дневната температура повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината.