Сеад Кочан осуден на шест години затвор за случајот „Труст“
Обвинителите од СЈО побараа прво и второобвинетиот да бидат осудени, а фирмите „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра.
Според обвинението, „обвинетите со фалсификувани документи учестувале и добиле тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ, вреден 17 милиони евра. Обвинетите на ЕЛЕМ му доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет. Сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и дека не сториле никакво кривично дело“.
На судењето, кое траеше речиси девет месеци, беа преслушани и 13 прислушувани разговори, односно т.н. бомби.