Тевдовски: Министерството работи на реформи во системот на јавни финансии
Тевдовски појасни дека Програмата за реформи за 2018-2021 година, изработена со ЕУ, содржи акциски план за реформи на сите важни елементи на системот на јавните финансии, почнувајќи од воведување среднорочно буџетирање, нов систем за јавни набавки, фискален совет, нов закон за јавен долг, фискална транспарентност и подобрувања во УЈП и Царина.
До крајот на годината Министерството за финансии планира да ја воведе и платформата Отворени финансии со која граѓаните ќе имаат увид во исплатите од Трезорот, рече Тевдовски.