Заев по лидерската средба: Нема компромис за стратешки цели, нема амнестија
„Компромиси за стратешките цели нема, амнестија нема. Ќе продолжиме со разговорите“, рече Заев, и додаде дека нова средба се очекува да имаат в недела вечер или в понеделник.
„Ќе дадеме шанса на дијалогот и дебатата се додека тоа е возможно. Очекувам на лидерската средба да се договори имплеметацијата на ДИК. Има прашања кои лесно се договораат со опозицијата и прашања кои многу тешко се договараат“, рече Заев.