Мицкоски: Ако се стремиме кон европски принципи, тогаш така и да се однесуваме
„Ако веќе се стремиме кон европските принципи треба така и да се однесуваме, а не само декларативно, треба да ги почитуваме Уставот и законите, а не да поставуваме повеќе смислени прашања за граѓаните“, рече Мицковски и додаде дека разговорите продолжуваат или во недела навечер или понеделник наутро.
На состанокот, рече тој, се уште не се отворила темата за евентуалната можна формулација на референдумското прашање кое вчера го соопшти премиерот Заев.