Владата жали за инцидентот со фоторепортерите на вчерашната лидерска средба
„Водена од врвниот принцип да го почитува и да го овозможува правото на медиумите за непречено, одговорно и професионално известување од настаните од посебен интерес за јавноста и граѓаните, претставниците на Владата на вчерашниот настан обезбедија услови за работа на новинарите и новинарските екипи, соодветно на стандардите за вакви настани и насоките кои ги има добиено од безбедносните институции“, стои во владиното соопштение до медиумите.
Денеска осуда за вчерашниот инцидент во Клубот на претсениците дојде и од Здружението на новинари.
Здружението го осудува вчерашниот инцидент во Клубот на пратеници кога полицијата спречи фоторепортери да го сликаат моментот на пристигнувањето на претставниците на партиите на лидерската средба поради безбедносни причини. Спорд ЗНМ, раководителот на владината служба за односи со јавност Марјан Забрчанец упатил непримерни коментари кон медиумските работници зашто реагирале на ограничувањата.