Почна лидерската средба во скратен состав
На денешните разговори се само лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса: Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами.
Се очекува и денеска партиските лидери да дискутираат за составот на ДИК и претстојниот есенски референдум за името, посебно за формулацијата на референдумското прашање.
Лидерска во скратен состав синоќа побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја напушти синоќешната средба.