Комитите маршираа барајќи правда за убиениот Саздовски
Никола Саздовски член на навивачката група Комити им подлегна на повредите предизвикани од физички напад врз него од страна на три лица, од кои две се уапсени од МВР.
Двајцата од напаѓачите на Саздовски се во притвор во затворот „Шутка“, а по третиот полицијата се уште трага. Тројцата се осомничени дека на 29 јуни брутално го претепале младиот Никола Саздовски на автобуска постојка во скопската населба Автокоманда.
Комитите побараа неселективна правда и објективно и независно известување од страна на новинарите со цел да не се поттикнува гнев за вакви сензитивни случаи.