Пацоли до ФИФА: Зошто Русија забрани косовско знаме на Мундијалот?
Во дописот до ФИФА, косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата порача дека „политиката треба да остане надвор од спортот “.
„Огорчен сум од одлуката на Русија да ја забрани употребата на знамето на Косово за време на Светското првенство во фудбал. Косово е членка на ФИФА, која ја повикувам да ја осуди навредата која Русија ја нанесе на една членка на ФИФА. Политиката треба да остане надвор од спортот“, изјави Пацоли за „Газета Експрес“.