Ахмети: Законот за јазици и договорт со Грција е можно да стапат во сила заедно
„Поканата што и се дава на Македонија за членство во НАТО претставува историски момент за мирот во регионот, за стабилноста во Република Македонија, за меѓуетничките односи во Македонија. Секако дека членството на Македонија во НАТО е важен момент за двете најголеми заедници, Македонците и Албанците, бидејќи мирот, стабилноста и безбедноста се од витално значење за нас во Македонија, но ито така тоа е голема придобивка и за целиот регион на Западен Балкан“, вели Ахмети.