Рохани вети упорност против обновените санкции на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп во мај оваа година ја повлече неговата земја од договорот од 2015 меѓу Иран и водечките светски сили, кој гарантираше ослободување од некои санкции во замена за лимитирање на иранската нуклеарна програма.
Трамп повторно ги воведе санкциите кои беа укинати, спречувајќи многу меѓународни компании да водат бизнис со Иран.
„Нелегалната логика на САД не е поддржана од ниту една меѓународна организација“, рече Рохани.
И покрај санкциите на САД, Иран продолжува да развива економска соработка во светот, рече Рохани.