Шекеринска: ЕУ и НАТО не се единствени позитивни резултати од договорот
Таа истакнува дека во пресрет на референдумот, фокусот треба да биде на позитивниот аспект и на позитивните резултати од Договорот со Грција, кои како што вели, не се само НАТО и ЕУ.
„Последиците од „не“ на референдумот се сериозни. Луѓето немаат потреба од нас, ние да им ја нацртаме оваа мрачна слика, бидејќи ја видоа во нивниот реален живот. Верувам дека треба да направиме кампања која ќе се фокусира на позитивните работи. А, не верувам дека единствените позитивни работи се поканата од НАТО или членството во ЕУ. Јас не сум лажна идеалистка кога велам дека ако погледнете и ги видите вашите соседи како ваши сојузници, ќе ви биде многу подобро. Ќе бидете посилни. Ќе бидете постабилни. Затоа, верувам дека можеби основниот аргумент за нашиот договор со Грција не се само ЕУ и НАТО, туку фактот што можеме да кажеме „избравме друг курс“, вели Шекеринска.