Во „Фени” уништено неупотребливо оружје од МВР
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека настанот е придонес кон светскиот ден за борбата против малото и лесно оружје - 9 Јули, и покажува грижа во однос со состојбите со оружјето во Република Македонија.
" Станува збор за 590 парчиња оружје и тоа пиштоли, автоматски и полуавтоматски пушки, воздушни пушки, пушкомитралези кои биле користени во разни единици на МВР и сега се надвор од употреба", информира Спасовски.
Уништувањето на неупотребливото оружје е направено во „Фени индустри”, бидејќи во другите две фабрики „Југохром”, „Макстил” немаат функционални печки.