Ослободени припадниците на "Црвените беретки"
Судот изрече едногласна одлука за ослободување на поранешниот командат на ЈСО, Милорад Улемек - Легија, кој не беше присутен на изрекување на пресудата, како и поранешниот припадници на единицата Звездан Јовановиќ, Веселин Лечиќ, Драгиша Радиќ, Владимир Потиќ, Драгослав Крсмановиќ и Миќа Петраковиќ.
Главниот судија на Судскиот совет, Драгомир Јерасимовиќ, рече дека ослободителната пресуда е донесена по детално испитување на материјалните докази и сведочења, врз основа на кои е констатирано дека „не станувало збор за бунт, туку за протест“.
Според обвинителниот акт, ЈСО од 9 до 17 ноември 2001 година откажала послушаноста на командата, ги повлекла своите припадници во центарот во Кула, ги прекинала комуникациите со командата и во повеќе наврати ги отфрлила барањата на министерот за внатрешни работи Душан Михајловиќ и на премиерот Зоран Ѓинѓиќ да прекинат со бунтот.
Бунтот на ЈСО беше означен како вовед во атентатот врз Ѓинѓиќ, за што 40 години затворска казна добија Милорад Улемек - Легија и Звездан Јовановиќ