Во поплавите во Јапонија 204 загинати и 54 повредени
Според извештаите на надлежните јапонски институции, во центрите за евакуација се згрижени повеќе од седум илјади луѓе, а во спасувачката операција се ангажирани повеќе од 70.000 војници, пожарникари и полицајци и над 5.000 доброволци.
Оваа поплава, која е последица на големите врнежи кои со денови не престануваа и во која најпогодени се Хирошима и Еџиме, е најголемата во последните 40 години.