Руско МНР: Присилно влегување на Македонија во НАТО
"Присилното влегување на Македонија во НАТО само потврдува дека политиката на "отворени врати" сама по себе стана цел и алатка за контрола на геополитичката територија", се наведува во соопштението на руското МНР .
Според министерството, плановите на НАТО за зајакнување на воената активност ги продлабочува поделбите и ги интензивира тензиите во Европа. НАТО, како што е наведено, се претставува како дефанзивен сојуз, но го интензивира купувањето на офанзивно оружје.