Ослободувањето на двајцата грчки војници притворени во Турција приоритет за Атина на Самитот на НАТО
„Прашањето за нелегалното притворање (на војниците) ќе биде споменати во сите обраќања и на сите средби на премиерот, за да се изврши максимален можен притисок за нивно ослободување“, изјави Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според портпаролот на грчката Влада, веројатно е дека на маргините на Самитот на НАТО во Брисел, ќе се одржи и средба на Ципрас со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.