Над 150 загинати и два милиона евакуирани во поплавите во Јапонија
Според последните извештаи, повредени се стотици и како исчезнати се водат десетици Јапонци, а овие поплави предизвикани од обилните врнежи се најсмртоносните во Јапонија во последните 30-ина години.
Спасувачките акции продолжуваат, а Владата ги пренамени училиштата и спортските сали за сместување на населението чии домови се уништени, како и за евакуираните пред надојдените реки.