ФИФА отвори истрага против хрватскиот репрезентативец Домагој Вида
ФИФА наведува дека отворила истрага по објавувањето на видео снимката на која се појавуваат Вида и скаутот на хрватската репрезентација, поранешниот репрезентативец Огњен Вукојевиќ. Вида извикнува „Слава на Украина“, а Вукојевиќ дека победата е „за Динамо и за Украина“. Тие своевремено заедно играа за Динамо од Киев.
„Додека не ги разгледаме сите информации, нема да го коментираме овој случај“, се наведува во соопштението од ФИФА, која забранува политички, дискриминирачки и лични пораки на натпреварите, па Вида би можел да биде казнет.