Турција отпушти над 18 илјади државни службеници
Одлуката за отпуштање на државните службеници беше донесена по победата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите, што беа одржани пред две недели.
Турските медиуми наведоа дека уредбата е донесена пред очекуваното укинување на вонредната состојба во земјата, што е на сила од јули 2016 година, а беше воведена по неуспешниот државен удар.