Хрватска – Англија и Белгија – Франција во полуфиналето на Светското првенство
Во полуфиналето Хрватите ќе се соочат со Англија која попладнево ја победи Шведска со 2-0.
Во другиот полуфинален меч ќе играат Франција и Белгија. Франција во четвртфиналето беше подобра од Уругвај 2-0, а Белгија со 2-1 ги исфрли Бразилците.
Полуфиналните натпревари се играат во вторник и в среда.