Северна Кореја контра Помпео
Тој рече дека разговорите со високиот севернокорејски претставник Ким Јонг Чол биле водени „со добра волја“ и дека во некои области бил постигнат „голем напредок“.
Но портпаролот на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја потоа изјави дека Вашингтон не успеал да го одржи духот на самитот минатиот месец меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Тој во изјавата ја обвини американската страна дека има еднострани барања за денуклеаризација на Пјонгјанг. Портпаролот предупредува дека резултатите од продолжените преговори се „ загрижувачки“ и дека може да ја разнишаат цврстата подготвеноста на Северна Кореја за денуклеаризација.