Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов
Телото на пејачот било најдено по анонимна дојава, синоќа во 23 часот, а засега нема информации кои се причините за смртта.
Во полицискиот билтен се наведува дека синоќа околу 23 часот „на улица Трета македонска бригада, во патничко моторно возило „Тојота“ пронајден е починат В.И.(33) од Скопје“.
Илиевски со години беше дел од групата „Морал“. Во 2011-та година, со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на Евровизија.