Во тек е напад врз Министерството за внатрешни работи во Сомалија
Вооружените напаѓачи се забарикадирале во зградата на министерството и држат како заложници владини службеници, наведува новинската агенција Асошиејтед прес.
Од објектот се слушаат истрели, а сомалиските претставници стравуваат дека бројот на жртви може да расте.
Утринава во Могадишу одекнаа две експлозии, една кај претседателската палата, а другата во близина на зградата на полицијата. Нападот врз министерството почна кога бомбаш-самоубиец се разнесе кај капијата на објектот. Екстремистичката организација Ал Шабаб ја презеде одговорноста.