Сириските сили ја преземале контролата врз клучен граничен премин
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон ја потврди веста. Бунтовниците претходно соопштија дека се близу до постигнување договор со Москва околу предавањето на 30 градови во стратешките зони на Сирија кои граничат со Јордан и со Голанската Висорамнина, Сириските сили поддржани од Русија ја започнаа офанзивата во реонот пред две недели.