СДСМ: Место да шири лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да повика на референдум
„Повеќе од 12 години, ВМРО-ДПМНЕ во јавните настапи, во програмите, тврдеше дека за секое постигнато решение за спорот со Грција граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат на референдум. Денес, кога Договорот е постигнат, а одржувањето на реферндумот е извесно, ВМРО-ДПМНЕ ги менува ставовите и целосно е нејасно кој е нивниот став“, стои во реакцијата на СДСМ.
Според СДСМ, „таквото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ е неодговорно, антидржавничко и спротивно на интересите на државата и граѓаните“.