Светска Банка подготвува нов круг партнерска помош за Македонија за следните четири години, а една од приоритетните области е одржливата животна средина и климатските промени, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, по средбата на министерот Садула Дураки со директорот на Светска Банка за Македонија и Косово Марко Мантованели.
На средбата посебен фокус бил ставен за предизвиците од загадувањето на воздухот земајќи го предвид растечкиот интерес за справување со проблемот не само на национално, туку и на регионално ниво, но и на водите и цврстиот отпад.