Иванов: Заев продолжува да ја лаже и македонската и грчката јавност
Во соопштението се истакнува дека ставот на претседателот Иванов е непроменет и оти нема да го поколебаат, како што се вели, никакви притисоци, уцени и закани.
„Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ. Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.