Курц и Штрахе: Западен Балкан во ЕУ, но не и Турција
„Европската идеја ќе биде комплетирана само со членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан. Државите од овој регион треба да имаат јасна перспектива за прием“, изјави Курц.
Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе, пак, изјави дека не станува збор за прием на Турција во ЕУ. Штрахе оцени дека ЕУ треба да има партнерски односи со Турција, но мора јасно да каже дека не може да се водат преговори за членство.