Над 70 отсто од Грците сметаат дека Договорот е во корист на Македонија
На прашањето „како го оценувате то што новото име на соседната земја ќе биде Република Северна Македонија и ќе се користи ерга омнес“, 62 проценти одговориле негативно.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека 7 од 10 анкетирани сметаат дека Грција можела да постигне подобар договор и дека Договорот повеќе им служи на македонските интереси (73.3 отсто од анкетираните), односно дека е штетен за националните интереси на Грција.