САД бараат од Албанија да расчисти со криминалот
„Владата го прифати сериозниот предизвик со кој се соочува Албанија во борбата против организираниот криминал. Сакаме конкретни резултати, гонење и казнување на криминалците. Посебно сакам да истакнам еден пример на неуспех на полицијата и обвинителството: пред две години кога работевме на апсењето на некои членови на бандата на Клемент Балили. Тој е моќен шеф на организиран криминал со политички врски. Но, немаше способност или волја Балили да биде уапсен“, рече Лу.
Наведувајќи неколку примери., како што е кривичната постапка против поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири и екс државниот обвинител Адриатик Лала, Лу нагласи дека никој не може да биде над законот и оти САД очекуваат конкретни резултати.