Трамп испрати остри писма до сојузниците на НАТО
Трамп неколкупати досега ги критикуваше членките на НАТО дека трошат помалку од 2 отсто од својот бруто домашен производ на одбраната. Тензиите помеѓу САД и некои од нејзините најблиски соработници растата веќе некое време, додека се прават подготовки за НАТО самитот кој ќе се одржи на 11 и 12 јули во Брисел.
Европските сојузници во НАТО не ги прифаќаат критиките на американскиот претседател Доналд Трамп дека малку трошат на одбраната. По руската анексија на Крим во 2014 година, земјите членки на НАТО се договорија да го намалат буџетот за одбраната и во следните години да работат на тоа расходите во одбраната да биде два отсто од бруто домашниот производ.