Инфлацијата во Турција на рекордно ниво
Според податоците на Институтот, потрошувачките цени се зголемени за 2,61 отсто од мај кога достигнаа највисоко ниво. Во мај инфлацијата изнесуваше 12,15 отсто, а во април 10,85 отсто.
Најголем месечен пораст на цените е забележан кај храната и безалкохолните пијалоци - 5,98 проценти. Најголем пораст на цените на годишна основа има кај транспортот - 24,26 проценти.
Според дел од турските медиуми, овој раст на инфлацијата е рекорден.