Буџетот за бесплатното болничко лекување ќе биде 7,6 милиони евра
„Според досегашните проценки буџетот ќе изнесува околу 7,6 милиони евра. Тоа е партиципацијата која граѓаните ја плаќаат за болничко лекување, односно за останување во болница. Тие пари ќе ги покрие државниот буџет и граѓаните нема да плаќаат за болничко лекување“, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Прилеп.