Јункер: Мигрантскиот договор најверојатно е во согласност европските закони
"Не сум го проучил во детали, но на прв поглед ми изгледа дека е согласност со законодавството на ЕУ," посочи Јункер додавајќи дека треба детално да го проучат службите на ЕК.
Претходно, ЕК информираше дека ќе го анализира договорот што синоќа го постигнаа Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, кој предвидува отворање на центри за мигранти на територијата на Германија.
Според договорот меѓу Меркел и Зехофер, со кој канцеларката се обидуваше да ја зачува својата коалиција, предвидени се центри од затворен тип во кој ќе се разгледуваат барањата за азил, како и враќање на тие што веќе поднеле барање во друга членка на ЕУ