Заев: Ако има докази за слабости на полицијата во саботната акција ќе има и санкции
„Должност на институциите е да ја обезбедат безбедноста на граѓаните. Внимателно слушаме и ако има слабост во делот на постапувањето на полицијата, ве уверувам дека ќе бидат санкционирани ваквите слабости. До денес нема доказ за вакви слабости“, рече Заев.
Тој посочи дека во акцијата спроведена за време на викендот во дел од објектите пронајдени се оружје и опојни дроги.
„Точно е дека има реакции. Има реакции и од пратеници од парламентарното мнозинство, но тоа е доказ дека законот важи подедакво за сите. Испративме јасен апел да ги дадат своите забелешки сопствениците и менаџерите на објектите и граѓаните кои се затекнале во тие објекти“, рече Заев.