Нови протести во Солун и Атина против Договорот од Преспа
Во грчката престолнина, на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент, во 18 часот по локално време, на протест повикаа „Движењето за национална одбраа и за Македонија - Александар Велики“ и „Научната комисија за национални прашања“.
“Грција значи Македонија. Сите Грци, обединети заедно пред парламентот на Синтагма, во недела на 1 јули во 18 часот. Ќе бидеме таму за да ги одбраниме нашата Грција, Македонија, историјата, националниот суверенитет, Уставот и демократијата,” повикуваат организаторите преку видео спотот објавен на социјалните мрежи.
За еден час подоцна, во 19 часот по локално време, закажан е собир во Солун и протестен марш низ улиците на градот за „поништување на договорот што го отстапува терминот Македонија на Скопје.