Моторџиите револтирани од одлуката на Шилегов да им наплаќа паркинг
“Нашиот предлог е првата година оваа услуга да биде бесплатна, со цел да се изгради соодветна инфраструктура за паркирање, а потоа паркирањето на мотор за еден час да биде од 5 до 7 денари. Паркирањето на моторите кои се под 50 кубни сантиметри зафатнина, ќе биде бесплатно“, изјавил Шилегов.
Моторџиите му посочиле на градоначалникот дека не прифаќаат да плаќаат за паркирање мотори, оти во ниту еден европски град не им се наплаќа на моторџиите, по што се согласиле да формираат заедничка работна група која првиот состанок ќе го има веќе утре.