Орбан и Бабиш нема да потпишат договор за мигрантите
Германската канцеларка Ангела Меркел вчера им испрати извештај, под наслов „Повеќе ред и правила во политиката за миграција: ситуацијата по самитот на ЕУ 28/29 јуни“, на коалициските партнери Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и на Социјалдемократската партија Германија (СПД). Во извештајот се наведува дека 14 земји-членки и рекле на ЕУ дека се подготвени да потпишат договори со Германија за прием на барателите на азил, кои претходно веќе се регистрирани во нивните земји. Меѓу овие земји се наведени некои од најгласните во спротивставувањето на мигрантската политика на отворени врати на германската канцеларка, вклучително и Унгарија и Чешка.