Поплави ширум Србија, евакуација во делови од земјата
Сообраќајот на Ибарска магистрала, во близина на Степојевац, речиси е целосно блокиран бидејќи поради надојдената вода таму е формирано буквално езеро. Досега во Степојевац се евакуирани 30 луѓе, а во прекин е и електричната енергија.
Во некои делови од земјата, кои се зафатени од невремето, надојдената вода однела неколку автомобили, а луѓето биле принудени да бегаат од возилата. Спасувачки екипи со чамци итно се испратени во поплавените подрачја.