На судењето за „Трезор“ се слушаа 4 "бомби"
На снимките се слушаат разговори од 2010 и 2011 година меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски, Сашо Мијалков и Влатко Мијалков и на Влатко Мијалков и Саша Глишиќ.
Обвинетите во „Трезор“ се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од околу 770 илјади евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
Поради завршување на работното време судијката Џенета Бектовиќ го прекина денешното рочиште и ново закажа за 10 септември