Договорот за името ќе помине во грчкиот Парламент, убедува Коѕијас
„Нема шанси да не се изгласа во Парламентот“, рече Коѕијас во интервју за грчкото радио „Њуз 247“, повторувајќи го неговиот став дека ќе постои мнозинство пратеници, а не партии кои ќе го поддржат договорот.
Паралелно ја отфрли можноста за гласање од 180, наместо 151 пратеник, како што побара лидерот на Независни Грци и коалициски партнер во грчката Влада, Панос Каменос.