Тајмс: Лондон стравува дека Трамп може да го поткопа НАТО
Според весникот, „министрите од британската влада се загрижени, бидејќи Путин би можел да го убеди Трамп да ги намали воените обврски на САД во Европа, изложувајќи ја на ризик одбраната на државите од НАТО против руска агресија“.
„Тие стравуваат дека Трамп може да му даде на Путин пропагандна победа, ако откаже или промени планирани воен вежби на НАТО“, пишува Тајмс.