Пендаровски: Утре ја очекуваме најавата за покана за влез во НАТО
„Генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе го објави тоа што македонските граѓани го чекаат со години. Тоа ќе биде завршна етапа од нашето асоцирање во Алијансата, имајќи предвид дека Република Македонија е неславен рекорден со 19 кругови од акциониот план за членство во НАТО“, рече Пендаровски.
Во меѓувреме, како што кажа тој, Македонија покажа завидно ниво на отпорност, жилавост, со оглед дека двапати се наоѓала на работ.