Вучиќ: Србија мора да ги почитува ставовите и на Заев и на Иванов
„Србија мора да ги почитува ставовите на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и на премиерот Зоран Заев“, рече српскиот претседател по посетата на воено-полициската вежба „Заеднички удар 2018" во Краљево.
Вучиќ додаде дека Србија не се меша во внатрешните односи и сака тоа прашање мирно да се реши.