ЕУ да се надева на најдобар договор со САД, а да се спрема за најлошиот, изјави Туск
„И покрај нашите неуморни напори за зачувување на единството на Западот, трансатлантските односи се поставени пред голем испит поради политиките на американскиот претседател Доналд Трамп. За жал, поделбата не е само за трговските прашања. Дозволете ни да се надеваме на најдоброто, но мора да се подготвиме за најлошото“, се вели во писмото од Туск до неговите колеги во Европскиот совет.
Туск додава дека разговорите за миграција се вжештуваат и дека поради тоа би можеле да бидат доминантна тема на претстојниот состанок. Тој предлага на состанокот „да се разговара за изградба на миграциски кампови надвор од ЕУ, под надзор на ОН“.