Германија догодина со минимална плата од 9,19 евра за час
Следната година Германија треба да ја зголеми минималната плата на 9,19 евра за час, а потоа на 9,35 евра во 2020 година, препорача надлежната Комисија назначена од владата во Берлин, објави германската новинска агенција ДПА.
Со потегот се отвора пат за зголемување на личната потрошувачка во најголемата европска економија, коментираат експерти за агенцијата.
Владата на канцеларката Ангела Меркел во 2015 година воведе минимална заработувачка од 8,50 евра на час, што опфати повеќе од три милиони работници.