Симулација на Пентагон: Русија ќе го порази НАТО поради лоши патишта
Според резултатите од симулацијата, американските тенкови и оклопни возила би заглавиле поради тесни патишта и слаби мостови кои не можат да ја издржат нивната тежина, а тешко би одело и преминувањето на границите на европските земји.
„Во текот на најмалку едни воени вежби на Белата куќа, кога имало симулација на војна со Русија, таа покажала дека логистичките тешкотии би биле причина за пораз на НАТО“, објави весникот.