Во Брисел мини-самит за миграцијата
Тензиите меѓу членовите на Унијата се сеуште се високи околу прашањето за мигрантите и покрај наглото намалување на пристигнувањето на мигранти од 2015 година, кога во блокот влегоа повеќе од 1 милион сириски баратели на азил и други бегалци, кои најмногу бегаат од војните во Иран и Сирија.
Унгарија, Полска, Словачка и Чешка од т.н. Вишеградски група - рекоа дека ќе го бојкотираат учеството, поради противењето на повиците од западните партнери на ЕУ, особено Германија, сите земји-членки да го "споделат товарот" и да прифатат квота на мигранти.