Турција: Обвинувања за изборни нерегуларности
Претседателот на турската Изборната комисија, Саид Гувен истакна дека се покренати „административни и кривични процедури“ против сторителите.
Претходно на социјалните мрежи беа објавени видео снимки на кои се гледа групно гласање во градот Суруџ, во провинцијата Санлијурфа.
Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори. Во претседателската трка покрај актулениот претседател Реџеп Тајип Ердоган, учествуваат и пет други кандидати - Догу Перинчек, Мерал Aксенер, Мухарем Инџе, Селахатин Демирташ и Tемел Карамолаоглу.